Wednesday, March 7, 2012

Повикот на дивината !

Џек Лондон бил северноамерикански писател и социјалист.Поради длабоките симпатии кон сиромашните за кои најмногу пишувал и чиј живот најмногу го познавал,бил наречен Американски Горки.Тој е роден 1876 година,а починал на 40 годишна возраст(1916) кога се самоубил поради неговите долгови и конзумирањето на алкохол и дрога.
Негови дела се : Синот на волкот,керката на снеговите,железната петица,Мартин Игн и Повикот на Дивината.
На кои видови романи припаѓа овој роман?По што го заклучи тоа ? 
Овој роман е авантуристички.Го заклучив тоа бидејки авторот пишува за авантурите на Бак.
Кои елементи на роман ги откриваш во творбата?
Елементите: Има голем број на ликови и настани.
Определи ја локализацијата на настаните во романот.
Дејствата се случуваат во Калифорнија и Алјаска.
Објасни го терминот златна треска и твојот став кон неа.
Терминот златна треска е термин во Америка за они кои што оделе во планините да бараат злато.
Кој е предметот на обработка во овој роман?
Предметот на обработка во овој роман е кучето Бак и неговите случувања.
Класифицирај ги ликовите во романот според барањата.
Јунаци: Бак и Торнтон.
Помошници: Судијата Милер.
Противници:човекот со црвениот џемпер,Мануел и Шпиц.
Во романот сретнуваме два контрасни описи на физичкиот изглед на Бак.Спореди ги тие два описи.
Додека Бак бил во  Калифорнија тој имал топол дом,имал храна колку што ке посака,не бил тепан и не морал да влечи санки!
Во Алјаска тој се премрзнувал од студ,храната морам да ја заработи,постојано мењавал газди и постојано се давел со Шпиц.
Објасни ги постапките на Бак според барањата:
Бак во домот на судијата : се чувствувал удобно,одел на лов со судијата и си играл со неговите деца.
Бак на пат кон Алјаска: Тој ржел на секој човек што ке се приближи до него.
Бак ја почуствувал суровата рака на човекот: Тој морал да си признае себеси дека има посилен од него и се покорно и послушно.
Бак и суровите господари: Се однесувал исплашено,тие го повредувале но тој сепак не им враќал.
Опиши ја средбата на Џон Торнтон и Бак.
Бак бил премногу уморен за да ја влече санката.Поради тоа бил тепан од страна на неговите газди.Тогаш Џон Торнтон се испречил пред Бак и со сила го откачил од санката.
Зошто Бак толку многу се приврзал за Торнтон?
Затоа што тој бил добар човек и го спасил од лошите газди.
Бак е приврзан и верен кој Џон,а неколку пати и му го спасува животот.Прераскажи еден таков настан.
Во градот,во една меана,некој си Црн Бартон се скарал со некој човек.Тогаш Џон Торнтон се испречил меѓу нив.Поради тоа Бартон го нападнал Торнтон.На тоа Бак реагирал со касање и давење.
Каков е односот на кучињата во запрегата?
Сите кучиња во запрегата ги слушалњ наредбите на Шпиц,биле дисциплинирани и биле казнувани од Шпиц за секоја нивна грешка.
Опиши го конфликтот меѓу Бак и Шпиц кој се претвора во отворена борба.
Бак и Шпиц  биле големи непријатели.Постојано се давеле.Но еден ден решиле да се борат до смрт.Во таа борба Бак бил победник а Шпиц бил мртов.
Што се насетува од извадокот ................................. итн ...............
Животинскиот истинкт на Бак,дивината и неговите претци го повикуваат.
Со смрта на Торнтон Бак ја губи и последната љубов.Што ке стори Бак и зошто.
Бак по смрта на Торнтон ке се здружи со група волци и заедно ке ловат во дивината.Бидејки неговите претци го повикуваат.
Издвои ги особините на Бак:
Позитивни:Јак,Послушен и Упорен.
Негативни: бунтовен и инаетлив.
Другото останува на вас , вие сами треба да одговорите на другите прасања. Бидејки на тие секој треба да има свое мислење!

8 comments: