Thursday, March 8, 2012

Улавите години

Кој е раскажувачот(нараторот)на настаните во книгата и во кое лице раскажува?
Раскажувачот е Бранко Копиќ,раскажува во 1 лице.
Што го мотивирало авторот да ја напише книгата?
Го мотивирале улавите или магарешките години на средношколците.
Забележа дека книгата е поделена на делови кои немаат наслови.Како се викаат тие делови во книгата?
Тие се викаат глави.
Во вториот дел од книгата авторот не запознава со четворицата свои најдобри другари,нивното потекло,интересирања,прекари.Кажи по нешто карактеристично за нив,поединечно.
А)Бајо-крупно високо дете ма кое сите му плаќаат данок
Б)Бобо-секогаш ги издава своите другари од своја корист
В)Дуле Дабиќ-било слабо и ковчесто момче кое било ненахрането и сиромашно.
Г)Браќата Мандиќ-немирни деца кои предизвикуваат смеа во сите.
Во наредните неколку делови од книгата го сретнуваме ликот Бобо Куклата,кој доаѓа во судир со групата на Бајо.Тие му го менуваат прекарот во Бобо Гудето.Како се случува тоа?
Бобо Гудето ја предал групата,затоа групата го ставила на вошливиот список.Затоа го избегнувале цело време.
Доаѓањето на близнаците Мандиќ ќе внесе новини во животот на групата.Тие се толку слични,што ќе предизвикуваат збунетост и кај дугарите и кај професорите.Случките се исполнети со хумор.Прераскажете една од нив!
Првин го виделе Рамко,потоа Бранко.Потоа Рамко рекол дека може да помине низ ѕидови.Де Де А не му поверувал,а потоа дознале дека се браќа близнаци.
Личност која предизвикува неволји и омраза кај учениците е пазачот во интернатската занимална,со прекар Смрдло.Со кои свои постапки ги вознемирува учениците и предизвикува револт кон себе и неговите"црна книга"?
Тој предизвикува револт со постапките:Што го запишува секој нивни бунт или движење во црната книга и секогаш ги прати.
Децата од групата Бајо тајно подготвуваат план за уништување на омразената "црна книга".
Но главниот во групата, Бајо почнува да се однесува чудно,а другарите забележуваат дека од синоќа на вечера само воздивнува и гледа преку чинијата.На што се должи таквото однесување?
Бајо е заљубен во Зора,затоа заборава се за акцијата и чудно се однесува.
Ученикот Бајо бара помош од Бранко,всушност писателот,да му напише љубовно писмо за девојчето Зора Кутиќ.Додека го прави тоа и Бранко чуствува дека е заљубен.Во кого е пак тој заљубен,што ке напише во нејзиниот споменар и како се чуствува?
Бранко е заљубен во Зора Панковиќ, и ке биде многу збунет.Зора ќе го замоли Бранко да и напише песна во споменарот.Тој ќе го направи тоа но ке види и дека и Дуле напишал песна во споменарот.
Обележи ги на цртежот тие елементи.
1)Децата тргаат во авантура.
2)Правењето на план.
3)Уништувањето на црната книга.
4)Виновникот е Бобо.
5)Казна:Дуле го исфрлаат од интернатот.
Која од набројаните особини на децата забележуваш кај себе?Потврди го тоа со некоја твоја постапка.
Јас сакам да имам авантури.Понекогаш сум немирен и тврдоглав.
Пример за детската организираност во остварувањето на позитивни цели е штрајкот организиран од учениците во интернатот.Кои се нивните барања?Што било договорено на средбата на Училишниот одбор?
Тие барале да се смени префектот,да се смени храната,и да го врати Дуле во интернатот.
Определи ја темата ви книгата Улавите години од Бранко Копиќ.
Темата во книгата Улавите години е улавите години.
Каде и кога се одвиваат настаните опишани во книгата(локализацијата)?
Настаните се одвиваат во интернатот Пресвета за време на училишните денови.
Зора Кутиќ и Зора Танковиќ се девојчиња-ликови од романот.И тие ги живеат своите улави,превртливи години.Кои заеднички особини ги поседуваат.
Тие биле:интелегентни,мирни,љубопитни девојчиња.
Секое дете од групата на Бајо има свои карактеристики за кои говоревте.Но,тие имаат неколку заеднички особини.Наброј ги.
Нивни заеднички особини биле тоа што се немирни деца и големи бунтовници против црната книга.
Главни ликови во книгата се ученици.Има и споредни ,како што е ликот на префектот (директорот на интернатот).Кажи го своето мислење за неговите постапки кон учениците!
Префектот лошо се однесувал кон учениците од своја корист.
Магарешките години завршуваат,учениците се веќе возрасни луѓе-борци за слобода.
Што раскажува авторот за нив?
Авторот раскажува за загинувањето на браќата Мандиќ,а Бајо и Бранко се бореле за слобода.
Училишниот весник од интернатот се вика Крекало.Како се вика вашиот училишем весник?Дали соработуваш со него?
Во нашето училиште немаме весник.Но го планираме тоа.Би сакал да соработувам во него.И да бидат застапени случувањата во учичиштето.
Определи ја идејата од книгата!
Идејата во книгата се случувањата на децата во интернатот.

Wednesday, March 7, 2012

Повикот на дивината !

Џек Лондон бил северноамерикански писател и социјалист.Поради длабоките симпатии кон сиромашните за кои најмногу пишувал и чиј живот најмногу го познавал,бил наречен Американски Горки.Тој е роден 1876 година,а починал на 40 годишна возраст(1916) кога се самоубил поради неговите долгови и конзумирањето на алкохол и дрога.
Негови дела се : Синот на волкот,керката на снеговите,железната петица,Мартин Игн и Повикот на Дивината.
На кои видови романи припаѓа овој роман?По што го заклучи тоа ? 
Овој роман е авантуристички.Го заклучив тоа бидејки авторот пишува за авантурите на Бак.
Кои елементи на роман ги откриваш во творбата?
Елементите: Има голем број на ликови и настани.
Определи ја локализацијата на настаните во романот.
Дејствата се случуваат во Калифорнија и Алјаска.
Објасни го терминот златна треска и твојот став кон неа.
Терминот златна треска е термин во Америка за они кои што оделе во планините да бараат злато.
Кој е предметот на обработка во овој роман?
Предметот на обработка во овој роман е кучето Бак и неговите случувања.
Класифицирај ги ликовите во романот според барањата.
Јунаци: Бак и Торнтон.
Помошници: Судијата Милер.
Противници:човекот со црвениот џемпер,Мануел и Шпиц.
Во романот сретнуваме два контрасни описи на физичкиот изглед на Бак.Спореди ги тие два описи.
Додека Бак бил во  Калифорнија тој имал топол дом,имал храна колку што ке посака,не бил тепан и не морал да влечи санки!
Во Алјаска тој се премрзнувал од студ,храната морам да ја заработи,постојано мењавал газди и постојано се давел со Шпиц.
Објасни ги постапките на Бак според барањата:
Бак во домот на судијата : се чувствувал удобно,одел на лов со судијата и си играл со неговите деца.
Бак на пат кон Алјаска: Тој ржел на секој човек што ке се приближи до него.
Бак ја почуствувал суровата рака на човекот: Тој морал да си признае себеси дека има посилен од него и се покорно и послушно.
Бак и суровите господари: Се однесувал исплашено,тие го повредувале но тој сепак не им враќал.
Опиши ја средбата на Џон Торнтон и Бак.
Бак бил премногу уморен за да ја влече санката.Поради тоа бил тепан од страна на неговите газди.Тогаш Џон Торнтон се испречил пред Бак и со сила го откачил од санката.
Зошто Бак толку многу се приврзал за Торнтон?
Затоа што тој бил добар човек и го спасил од лошите газди.
Бак е приврзан и верен кој Џон,а неколку пати и му го спасува животот.Прераскажи еден таков настан.
Во градот,во една меана,некој си Црн Бартон се скарал со некој човек.Тогаш Џон Торнтон се испречил меѓу нив.Поради тоа Бартон го нападнал Торнтон.На тоа Бак реагирал со касање и давење.
Каков е односот на кучињата во запрегата?
Сите кучиња во запрегата ги слушалњ наредбите на Шпиц,биле дисциплинирани и биле казнувани од Шпиц за секоја нивна грешка.
Опиши го конфликтот меѓу Бак и Шпиц кој се претвора во отворена борба.
Бак и Шпиц  биле големи непријатели.Постојано се давеле.Но еден ден решиле да се борат до смрт.Во таа борба Бак бил победник а Шпиц бил мртов.
Што се насетува од извадокот ................................. итн ...............
Животинскиот истинкт на Бак,дивината и неговите претци го повикуваат.
Со смрта на Торнтон Бак ја губи и последната љубов.Што ке стори Бак и зошто.
Бак по смрта на Торнтон ке се здружи со група волци и заедно ке ловат во дивината.Бидејки неговите претци го повикуваат.
Издвои ги особините на Бак:
Позитивни:Јак,Послушен и Упорен.
Негативни: бунтовен и инаетлив.
Другото останува на вас , вие сами треба да одговорите на другите прасања. Бидејки на тие секој треба да има свое мислење!